Skip to main content

Охриѓанките Маја и Мартина едни од најдобрите средношколки во Македонија

Охридските гимназијалки Маја и Мартина, први на листата од Државниот испитен центар на македонски наставен јазик за државната матура. Соученичките од охридската гимназија „Св Климен Охридски“ ни ја откриваат формулата за тоа што е потребно да се стане најдобриот матурант во Македонија.

 |   | 

Едната љубител на математиката и информатиката, другата со огромна љубов кон природните науки, особено физиката, Маја и Марина се дефинитивно едни од најдобрите средношколки во Македонија. Потврда за тоа се и резултатите од Државниот испитен центар на македонски наставен јазик за државната матура, каде Маја и Мартина се во самиот врв.
Соученичките од охридската гимназија „Св Климен Охридски“ ни ја откриваат формулата за тоа што е потребно да се стане најдобриот матурант во Македонија.

„Секако дека треба континуирао учење од четирите средношколски години, како што го работевме секој материјал редовно и секако во четврта година треба да се вложи повеќе труд да се повтори материјалот од претходните три години и да се учи новиот, за секоја работа треба труд така и за учењето“.
„Секако континуирана работа преку целата година, ако не и низ сите четири години, потоа секако пред матурите, неколку месеци интензивна работа, за сега ете да славиме.Последната година повеќе беше навраќање повторување, потсетување, зошто како што реков контиунирано учевме четири години, сега само навраќање на материјалот“ велат Маја Митревска и Мартина Петровска.

Маја високото образование ќе го продолжи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ., поради нејзината голема љубов кон информатиката додека Мартина е веќе примена на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) главно поради нејзината љубов кон природните науки, особено физиката. Но и двете не ја забораваат помошта и поддршката која во текот на средното образование ја добиле од своите професори и ментори.

„Морам да ја напоменам исклучителната работа и вложениот труд на професорот Славе Ѓорго Димоски, тој ми беше ментор и 4 години ми предаваше во охридската гимназија и секако со неговото знаење и нашето учење овој труд се исплати“.

„Потребна е многу, искусен кадар да го истакне најдоброто од вас, да ве поттикне да ве мотивира за вакви успеси“, потенцираат Маја Митревска и Мартина Петровска.

И двете со став дека она што недостасува во средните училишта е повеќе практична работа, така што добиените знаења и ќе се применат и подобро ќе се запаметат. Им порачуваат на идните матуранти, да вложат многу труд во себе и во сопствените знаења и никогаш да не се откажуваат од своите соништа.