Skip to main content

Конгресниот туризам во Охрид е во подем

Хотелските капацитети во градов во есенскиот и пролетниот период се полнат од овој вид туризам.

 |   | 

Конгресниот и културниот туризам се формите на туризам кои на хотелските работници од градов имм овозможуваат да опстојат во текот на целата година. Конгресниот туризам е идеална форма со која се пополнува вакумот од една до друга туристичка сезона. Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Ова е еден од начините преку кој можеме да имаме туристичка сезона 365 дена во годината. Хотелиерите велат дека треба да се направи добра стратегија сезоната која трае само два месеци да ја продолжиме барем за пет.

„Ние и во моментов, имаме помали настани и семинари активни а веќе од следниот викенд имаме голем конгрес и следните викенди конгресниот туризам е договорен и голем број настани ќе се оодржат кај нас.Засега до крајот на октомври имаме солидно исполнување и со конгресниот туризам и со туристички групи кои по неколку дена престојуваат кај нас“ вели Атанас Николовски – раководител за продажба „Хотели Метропол“.

Кога станува збор за цените на услугите од хотели „Метропол“ велат дека нема некоја голема промена, дури може да се зборува за мало зголемување, а ваквиот добар резултат од оваа сезона е континуираното инвестирање во туризмот години наназад, и приватно како субјект, но и стратешки од страна на државата, со воведување на чартер летови и со збогатување на туристичката понуда. Проекциите кои се направени велат дека до година може да се надеваме на уште поуспешна сезона. Иако годинава доцна започна туристичката сезона во Охрид, а серијата земјотреси предизвикаа откажување на аранжмани на домашните туристи пред се, сепак туристичките работници велат дека станува збор за една од подобрите сезони, години наназад.

„Ние сме многу задоволни од сезоната, која е подобра од сезоните неколку години наназад, така да очекувањата ни се исполнети во целост, се надеваме дека и во останатиов дел од годината ќе имаме солидна исполнетост со цел, да го заокружиме или надминеме оној наш проектиран таргет на остварени ноќевања и остварен профит“ потенцира Атанас Николовски – раководител за продажба „Хотели Метропол“.

Од почетокот на септември до сега се организирани гомен број семинари и конференции. За таа цел во „Хотели Метропол“ имаат адаптирано неколку конгресни сали кои ги нудат сите услови за одржување на вакви настани. Туристичките работници советуваат оние хотелски капацитети кои имаат услови да инвестираат во конгресни сали и опрема за одржување конференции бидејќи тоа повеќекратно ќе им се врати.