Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Приоритет на СДС е грижата за мигрантите, а не македонските граѓани

Очигледно СДС Охрид си ја има мувата на капата па со денешната пре-конференција пониско од очекуваното сака да се оправда пред граѓаните, регаираат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ.

 |   | 

„Најдобри сте во извртување на работите во своја корист, но треба да сфатите дека охриѓани се помудри отколку што мислите. Тие ја имаат во раце Стратегијата која го најавува вашето црно и болно сценарио.

Ние, како партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваме иницијативата за референдум и никогаш не сме биле против бегалците, напротив ние сочувствуваме со нивната трагедија, но цврсто стоиме на ставот и порачуваме дека нема да дозволиме никој да носи одлуки без да го чуе гласот на народот. Најмалку да си игра со нашата судбина и судбината на нашите деца. Охрид е народот и народот е Охрид!
Престанете да ширите небулози дека грижа Ви се граѓаните, кога повеќе од јасно е дека приоритет се мигрантите бидејќи со Стратегијата се предвидува изградба на нови населби со цел трајно вдомување на бегалците во Охрид и Македонија добивајќи месечни исплати, нивно бесплатно образование, вработување и право за државјанство, како и вработување во државните институции и во јавниот сектор.

Стратегијата ја донесе Владата на СДС, комплетно нова стратегија со која се бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Тотално е неточно дека истото го прифатила и Владата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само од општина Сарај побара разгледување на можност за згриживање лица кои потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, и конечно најголемиот факт е дека не изгради ниту еден објект за населување на мигранти.

Ве повикуваме како советници од СДС да гласате против населувањето мигранти а не да бидете воздржани или да не гласате, со тоа ќе ја докажете грижата а не штетата за охриѓани криејќи се дека некои прашања повторно не заслужуваат одговор“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.