Skip to main content

Стратегија и акциски план за реформи во правосудниот сектор

Реформите во правосудниот систем се најзначајната област за која Македонија во изминатиов период трпеше критики од меѓународната и домашната јавност.

 |   | 

Реформите во правосудниот систем се најзначајната област за која Македонија во изминатиов период трпеше критики од меѓународната и домашната јавност.

Стратегијата и акцискиот план за реформи во правосудниот сектор која беше презентирана денес во Охрид, нивното донесување и нивната имплементација ќе значат огромен чекор напред во приближувањето на владеењето на правото во РМ со развиените западни демократии па со тоа ќе биде совладана уште една препрека на патот кон евроатланските интеграции на нашата земја. Страгегијата за 2017 -2021 година предвидува и ефикасност и транспарентност во работата на правосудниот сектор но и засилување на позицијата на Специјалното јавно обвинителство.

„Планирано е засилувањее на позицијата на СЈО во рамки на сегашниот систем на јавното обвинителство на Р Македонија. Надлежноста на СЈО треба да се прошири за да ги опфати сите инстанци на таканарелениот White collar Crime кривични дела со висок профил на корупцја и треба да се репозиционира така што ќе може да ги гони сите минати, сегашни и идни политички елити“, вели проф д-р Ана Павловска Данева претседател на работната група за изготвување на Нацрт стратегијата.

Оваа стратегија е во својата нацрт верзија а што е најважно, од неа треба да излезат многу законски решенија од кои три се клучни системски закони: Законот за судовите, Законот за јавно обвинителство, Законот за судски совет и Законот за совет на јавни обвинители. Исто така ќе се релаксира притисокот врз казнената политика, кој на граѓаните им тежи а кој се однесува на драконизацијата на прекршочните казни, истакна Данева.

„Да го повикам сите чинители а особено политичките елити да ги надминеме нашите дневни разлики и да изградиме широк општествен консензус околу овие теми кои допираат до секојдневието на секој граѓанин. Оттаму ги поканувам партиите особено од опозицијата да ни ја дадат нивната поддршка како во подготовката така и во носењето на сите идни законски проекти кои произлегуваат од оваа стратегија“, вели Билен Саљији министер за правда.

Независност при избор и разрешување на судиите, подобрување на условите за работа, елиминација на злоупотребите при распределба на судски предмети и поништување на целиот процес на лустрација, се само дел од новите мерки предвидени во нацрт стратегијата и акцискиот план за реформи во правосудниот сектор која беше презентирана денес во Охрид.За помалку од месец дена стратегијата ќе биде достапна на јавноста, која пак ќе има можност да даде свои сугестии и да влијае на нејзиното комплетирање.