Skip to main content

По еден загинат на работно место секоја недела

Црн биланс во однос на загубени човечки животи на работно место. Во Македонија постојат европски закони за безбедност и заштита на работно место, но никој не ги почитува. Македонското здружение за заштита при работа бара граѓанските организации да ја пренесат пораката до работодавците за грижа кон своите вработени.

 |  Јаковлева Лионела  | 

По еден загинат на работно место секоја недела. 42 смртни случаи годишно поради повреда на работното место. Ова е билансот во државава поради немањето соодветна безбедност и заштитата на работниците на работното место. Како најопасни професии кои земаат најголем данок во човечки животи се оние во земјоделството, во транспортните дејности, полицијата, градежништвото, а високо на оваа скала се наоѓа и новинарството. Затоа македонското здружение за заштита при работа
Ги седна на маса граѓанските асоцијации со цел подигнување на капацитетите во однос на безбедноста и здравјето при работа кои треба да помогнат во пренесувањето на пораката до работодавците за безбедни и здрави работни места.

Доколку зборуваме за законската рамка во Македонија имаме европски закони, доколку зборуваме за примената имаме балканска примена, а доколку зборуваме за несреќите на работа се наоѓане најдолу, меѓу афричките земји, вели Милан Петковски, претседател на македонското здружение за заштита при работа.


Факт е дека во Македонија се случуваат несреќи на работно место и дека се гине на работните места. Високите бројки се резултат на застојот кој постои во пренесувањето на пораките до работодавците за превентивно делување за заштита на своите работници. Наш најголем успех ќе биде кога ќе знаеме дека бројот на несреќи на работното место се

Кога ќе знам јас дека претседателот на своето работно место има проценка на ризик, кога ќе знам дека премиерот на РМ има на своето работно место проценка на ризик во тој момент ќе знам дека посветеноста на државата е во насока на превенција односно градење превентивни мерки во спречување на несреќите на работното место а со тоа и на сите оние последици кои значат загубени човечки животи загубено работно време, намалена производност, вели Петковски.


Македонското здружение за заштита при работа ќе врши тридневни обуки во Охрид на тема заштита при работа на кои учествуваат и експерти од странство кои ќе ги пренесат нивните искуства од оваа област.