Skip to main content

Д-р. Митко Тилевски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Д-р. Митко Тилевски, ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ во Охрид, неофицијано дознава ТВМ ТелевизијА.

 |   | 

Д-р. Митко Тилевски, ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ во Охрид, неофицијано дознава ТВМ ТелевизијА. Тилески, за одлуката бил информиран доцна синоќа, а се очекува партијата и официјално да ја потврди информација за кандидатурата.

Инаку Д-р. Митко Тилески е вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо Охридски“ и поранешен раководител на оваа установа.

Локалните избори во Охрид ќе се одржат на 15ти октомври, рокот за поднесување на листи на кандидати за градончалници и советници до општинските изборни комисии истекува утре на полноќ. Кампањата за локалните избори започнува на 25 септември и завршува на 13ти октомври на полноќ.