Skip to main content

Охрид домаќин на четвртиот Конгрес на офталмолози

Охрид домаќин на четвртиот Конгрес на офталмолози од Македонија. Околу 250 офталмолози од земјите од регионот од 14 до 17 септември ќе учествуваат на овој значаен конгрес. Предавачи ќе бидат врвни професори од Европската елита на офталмолози, кои ќе зборуваат за светски најновите и најпознати методи од оваа медицинска гранка.

 |  Николоска Биљана  | 

Хирургија на катаракта и новиите можности за отстранување на пердето со т.н ласерски операции, сесија за глауком, како и сесија за конзервативни заболувања на мрежницата од типот на дијабетична ретинопатија, се главните теми на четвртиот Конгрес на офталмолози на Македонија кој од денес па се до 17 ти овој месец се одржува во Охрид. Проф. д-р Весна Димовска Јорданова вели дека врвни Европски офталмолози ќе дискутираат на овие тем бидејќи овој Конгрес е национален со меѓународно учество.

„Првиот ден имаме посебна сесија на Европската асоцијација за катаракта и рефлективна хирургија каде што имаме предавачи кои што се навистина на Европскиот крем на ова подрачје и мислам дека тоа ќе биде една од ударните сесии на Конгресот, покрај тоа исто така витро ретиналната хирургија, заначи операциите на одлепување на мрежница, компликации на дијабетична ретинопатија и на други заболувања кои се решаваат на хируршки начин“

Д-р Јорданова задоволна е од одзивот на колегите. Досега имале регистрирано околу 250 учесници. Додава дека очекуваат и дополнително присуство на непријавени учесници, бидејќи темите на кои ќе се дискутира на Конгресот биле актуелни не само кај нас туку и во светот.

„Сите подрачја ќе бидат подеднакво застапени и се трудевме во сите овие сесии да имаме атрактивни предавачи кои што ќе го привлечат присуството и на офталмолозите меѓутоа ќе биде и многу едукативно за да нашите офталмолози имаат современи сознанија и да може да се научи нешто ново“

Учесници на Конгресот на офталмолози на Македонија со меѓународно учество се офталмолози од земјите од регионот, Србија, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Шпанија, Италија, Белгија, Хрватска, Албанија Косово.