Skip to main content

Незадоволство на членството од раководството на охридскиот огранок на ВМРО-НП

Потпретседателот на УМС на Македонија на ВМРО–НП и член на централниот комитет на партијата, Мартин Додевски јавно се повлече од истата.

 |   | 

Потпретседателот на УМС на Македонија на ВМРО–НП и член на централниот комитет на партијата, Мартин Додевски јавно се повлече од истата.

„Пријатели, јавно се повлекувам од секаков активизам и поддршка за ВМРО-Народна партија. Причина е ретроградната политика на тесното раководство на партијата која трае веќе 4-5 изборни циклуси наназад без притоа да има било какви промени во раководната структура. Очигледно некои луѓе свесно со намера ја деградираат и девалоризираат партијата на политичката сцена и тука јас не гледам ниту простор ниту поента за мојот интелектуален влог. “ – напиша Додевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Покрај наведените причини за своето незадоволство Додевски додава дека сепак останува  почитувач на делото на Љубчо Георгиевски.

Инаку, Вмро Народна партија на седница на Извршниот комитет донесе одлука партијата да не учествува на претстојните локални избори на централно ниво. Но на општинските комитети им даде слобода да прават коалиции на локално ниво и да ја дадат поддршката на кандидати за градоначалници и советници според свое видување а во интерес на граѓаните.
ОК на ВМРО – НП Охрид коалицираше со СДСМ при што доби едно место на кандидатската листа за советници.