Skip to main content

Со „Игри без граници“ се одбележува светскиот ден на глувите

„Игри без граници“ е манифестацијата која во Охрид ги собра глувите и наглувите лица од земјава. Македонското здружение на овој начин го одбележува светскиот ден на глувитеа. Покрај ова манифестација здружението одбележува во текот на годината уште 5 манифестации од забавен, спортски и културен карактер на кои глувите и наглувите лица се дружат и забавуваат.

 |  Валентина Неловска  | 

Во хотелот Далјан на езерскиот брег со многу насмевки и позитивна енергија глувите и наглувите лица ги одржаа традиционалните „Игри без граници“. Глувите лица се дружат , но ја потсетуваат околината дека сакаат рамноправно да учествуваат во сите случувања во општественото живеење, напоменуава Славица Стефаноска претседател на охридското здружение. На манифестацијата со спортско забавен карактер зедоа учество стотина лица од сите здруженија на глувите лица од земјава и го одбележаа светскиот ден на глувите, појаснува Стефаноска.


„ Сакавме да го искористиме убавото време и гостите да го почуствуваат шармот на Охрид и убавината на Охридското езеро. Многу од нив немаат можност да си дозволат летување и да дојдат во Охрид и овој викенд со „Игри без граници“ да го исполнеме со безгрижност. Учествуваат и повозрасни помлади лица, не е важна возраста туку желбата з а дружење. Има мешани екипи со претставници од по 4 лица од сите здруженија во Македонија, а игрите се од забавен карактер, “вели Стефаноска.

Васко Марков , претседател на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија го истакна значењето на оваа манифестација. Во „Игри без граници“ учествуваат 18 екипи со околу стотина учесници, потенцира Марков.


„Сите се радуваат , се надеваат на награда, има смеа и шеги. Порано вакви игри се одржува во поранешна Југославија и сакавме да ја продолжиме традицијата. Глувите многу се радуваат и организираме вакви игри. Има бодови , кој ќе освои најмногу бодови ќе освои и награди“, вели Марков.

Покрај манифестацијата Игри без граници, од Националниот сојуз во текот на годината органзираат уште 5 манифестации меѓу кои Риболов, Жена домаќинка, Маскенбал, Шаховски турнир, Избор на мис . Манифестациите се со финансиска поддршка на Министерството за труд и социјална политика.
Вечерва спортско забавната манифестација продолжува со свечена вечера, дружење и доделување на скромни награди за најуспешните учесници во „Игри без граници“.