Skip to main content

Летната кровдарителна акција најавувана како најголема ги оправда очекувањата. С

Летната кровдарителна акција најавувана како најголема ги оправда очекувањата. Со собрани 40-тина  крвни единици охриѓани покажаа уште еднаш  дека се хумани луѓе. Подарените крвни едници кои за некого значат живот продолжуваат и понатака. Акциите за дарување крв ги поддржуваат општествено одговорни компании како што денес се вклучија од маркетите Тамаро.

 |  Валентина Неловска  | 

Од ОО Црвен Крст организираа уште една успешна крводарителна акција. 40 -тина крводарители ја покажаа својата хумана страна и дарувајќи крв ја поддржаа крводарителната акција, информира Сашо Точков претседателот на ОО ЦК. Во летниот период најголеми се потребите на крв во здравствените установи,а на денешната се приклучија покрај хумани граѓани, поединци така и членови од здружението Методи Патчев и маркетите Тамаро , посочува Точков.


„Ја најавувавме како голема крводарителна акција и ја оправдавме таа придавка. Очекувавме од 20 до 30 крвни едници дека ќе собереме од 10 до 15 часот , има уште 2-3 часа до завршување на акцијата , а ние ја преминавме оваа бројка. Задоволни сме што граѓаните и маркетите Тамаро направија крводарителната акција да е успешна. Граѓаните можеа да ги дегустираат бројните производи кој ги имаат маркетите и да се запознаат со бројните активности на Црвен крст“, подвлекува Точков.

Точков упатува блгодарност и до Здружението Методи Патчев и до Трансфузилошкото одделение при Општа болница Охрид. Најавува во иднина септемвриската акција да прерасне во традиционална соработка со маркетите Тамаро, а на крајот од овој месец продолжуваат со нова активност.


„ На располагње сме на секој кој има желба и хуман порив да биде хуман на овој начин или на други начини. Сакам да ја најавам големата хуманитарна спортска активност што ќе се одржи во последната сабота од месец септември. Ќе се случува на градскиот плоштад каде што преку 500 до 600 деца ќе се натпреваруваат во спортски дисциплини каде што ќе има многу забавни содржини и награди за кои ќе се погрижи стоматолошката ординација Баткоски“ напоменува Точков.

На денешнатка крвдоарителна акција пак, за петте најсреќни крводарители имаше наградно извлекување , а за вреден пакет со награди се погрижија маркетите Тамаро.