Skip to main content

Помина законот за минимална плата

Во законодавниот дом вчера пратениците со 70 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, го изгласаа Законот за минимална плата кој предвидува таа да изнесува 12.000 денари.

 |   | 

Во законодавниот дом вчера пратениците со 70 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, го изгласаа Законот за минимална плата кој предвидува таа да изнесува 12.000 денари.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека предлог законот за зголемување на минимална плата нема да го подобри стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата. Според нив, предлогот на Владата е предизборна популистичка мерка на краток рок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за нив е посебно спорна одредбата од законот која предвидува минимална плата од 12.000 денари да добиваат само работниците кои ќе исполнат најмалку 80% од нормата која пак ќе ја пропишува работодавачот.

Од СДСМ пак со објаснување дека отпуштања нема да има бидејќи компаниите ќе добиваат помош од државата. Имено месечно од државната каса за субвенционирање на претпријатијата ќе се одвојуваат по 1,5 милиони евра. Инаку таа целосна помош од државата ќе трае до февруари следната година, по што до август месец таа помош ќе биде преполовена, а веќе од септември месец наредната година фримите ќе мора сами да се снаоѓаат за пари.

За пратениците од собраниското мнозинство, Законот е мерка од социјален карактер која ќе повлече и раст на просечната плата, животниот стандард на граѓаните а со тоа и на целокупната економија. Минималната плата ќе се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки.