Skip to main content

Потпишан договор за соработка помеѓу ветеринарните комори од земјите во регионов

Станува збор за своевидна рамка со која се уредуваат веќе постоечките одлични односи во областа.  Како актуелен предизвици исправен пред ветеринарните служби во трите земји, челниците на ветеринарните комори ја посочија појавата на болести карактеристични за тропските предели што досега не се забележани во овој регион.

 |   | 

Потребна е интензивна соработка помеѓу ветеринарите од регионов. Регионов не само што дели иста историска судбина туку дели иста епидемиолошка судбина. Ветеринарната професија не само што се грижи за здравјето на животните, туку за здравјето на човештвото воопшто. Појавата на болести карактеристични за тропските предели што досега не се забележани во овој регион, како синиот јазик кај овците и козите, јазлестата кожа кај говедата, афричка чума кај свињите се актуелните предизвици исправени пред ветеринарните служби во земјава и соседните земји.

„Претходните две години имавме веќе болести кои што јас како студент, како тропски инфектолошки болести, меѓутоа со климатските промени станаа реалност и кај нас. Се работи за синиот јазик кај овците и јазлеста кожа кај говедата. За среќа двете болести не се зоонози, ги напаѓаат само домашните животни, но имавме болести од типот на авиарни инфлуенци кои имаат капацитет да станат проблем за јавното здравје“ вели Томислав Николовски – претседател на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Спречувањето на ваквите болести треба да се бара во добро устроена и капацитетна ветеринарна служба, која врши мониторинг на теренот за брзо утврдување на болеста и да реагира. Следење на епидемиолошката ситуација во регионот, преземање соодветни мерки, како и работа на едукација на сточарите, потенцираше Николовски. Идентични се ставовите и на претседателот на коморатана Србија, Давор Шашиќ.

„Тоа всушност и е суштината на овој договор и изминатите две години кога во регионов го имавме проблемот со болеста, јазлеста кожа, соработката помеѓу ветеринарите од регионов, беше причината поради која успеавме да го зачуваме и сточниот фонд и економијата воопшто. А најважно е што ваквиот договор же придонесе за поголема сигурност на сите граѓани од земјите во регионов“ објаснува Давор Шашиќ – претседател на ветеринарната комора на Република Србија.

Потпишувањето на договорот за соработка помеѓу претседателите на ветеринарните комори на Македонија, Србија и на Сојузот на ветеринарни лекари на Бугарија значи воспоставување официјализиран систем на соработка што предвидува јасни правила и обврски за размена на информации, соработка во доменот на континуирната едукацијаи црпење на информации и искуства во делот на имплементација на европското законодавство. Забелешка на нашите ветеринари е огромната разлика на нивниот статус во споредба со нивните колеги доктори по ветеринарна медицина во развиениот западен свет.