Skip to main content

Одбележан Денот без автомобили во Охрид

Граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци денеска учествуваа во велосипедското дефиле што на охридските улици се возеше по повод 22 Септември – Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2017.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид и годинава беше дел од големото семејство градови кои ја одбележуваа Европската недела на мобилност 2017 и Денот без автомобили. Охриѓани со учество на традиционалното велосипедско дефиле низ охридските улици упатија порака за почесто користење на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Настанот е во организација на општина Охрид и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот а во дефилето покрај, велосипедистите, рекреативците, средношколците и граѓаните учествуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на општинскиот совет за безбедност Стефан Димоски.

„Сите напори што ги прави Локалната самоуправа во насока да се изградат нови стази и за пешаците и за велосипедистите. Ние сме сведоци и на една друга појава. Ние имаме велосипедски патеки па не ги користиме онака како што треба. Тие беа обележани па не се користат. Некаде се дел од тротоарите, дел од коловозот, но нашите навики потешко ги менуваме. Еве и овој ден нека биде апел до сите наши сограѓани повторно во интерес на сигурноста на пешаците и велосипедистите и во интерес за она за кое што сме денес да ги користат постоечките патеки

Претседателот на Општинскиот Совет за безбедност, Стефан Димоски истакна дека велосипедот треба да се користи што е можно повеќе и урбаниот велозипедизам да добие поголемо значење, како модерен и здрав начин на живот.

Во таа насока Општинскиот Совет за безбедност предлага и реализираше низа проекти кои што всушност даваат значење на овој сегмент и издигнување на велосипедизмот на едно високо ниво

Велосипедот недоволно се користи во Охрид општ е заклучокот на добрите познавачи на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Една од причините за тоа е и недоволно развиената велосипедска инфраструктура во градов, малкуте велосипедски паркиралишта, а за знаци и соодветна велосипедска сигнализација и да не зборуваме. Можеби сепак треба посериозен пристап и од двете страни, како во иднина би можеле да зборуваме за безбедност на велосипедистите и помасовна употреба на велсоипедот.