Skip to main content

Охриѓани даваат поддршка за референдум на иницијативата на Пеленската револуција

Охриѓани даваат поддршка за референдум на иницијативата на  Пеленската револуција. Доколку се  соберат 10.000 потписи во земјава граѓанската иницијатива „ 450 Породилно“  ќе влезе во процедура за измена на предлог Законот за работни односи. Измените  се однесуваат на зголемување на времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од 9 на 18 месеци.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани почнаа да дваат поддршка на граѓанската инцијатива „450 Породилно“ или Пеленската револуција. Граѓаните со својот потпис даваат зелено светло за организирање референдум за донесување на предлог Закон за работни односи. Со измените ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од сегашните 9 месеци(за едно дете) и 15 (за повеќе деца), на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Предлогот ги вклучува и мајките кои во моментов се на породилно отсуство.

„ Засега е добро има интерес. Помладите, а посебно младите мајки даваат поддршка има 30 -тина собрани потписи. Вчера почна и ќе трае до 7 октомври во ДИК во ПЕ Охрид“, напоменува Лилјана Костоска од ДИК, ПЕ Охрид.


Снежана Кузманоска, подносител на граѓанската иницијатива „450 породилно“, напоменува дека ова е втора иницијатива со која право на породилно одсуство добиваат и татковците и посвоителите на деца. Целта е мајките да бидат подолго со бебињата, а при тоа да се најде најдобриот модел.Решение може да се најде само ако се сака од другата страна.

„Ние иницираме проблем ,а како ќе се развива законското решенеи нека се избере некој од различните модели, пр.100 посто нека се плаќа до 12 месеци, после по избор. Се јавуваат проблеми кога се раѓаат децата, со патолошка бременост или со доењето. На самото бебе му требаат повеќе од 9 месеци кога ќе се остави во градинка . Некои бебиња се оставаат на 8 месеци , работата почнува ,а нема кому да се остават“, наведува Кузманоска.

Кузманоска додава дека ваков модел на Закон има во Шведска, а 18 месеци породилно одсуство на мајката е добро решение за нискиот наталитет во земјава.


„Повеќето се согласуавме дека ова е концепт за стимулација на наталитетот .Не секој од нас се одлучува д араѓа 3 дете и понатка концептот со продолжување на породилното одсуство би било одлично решение“, вели Кузманоска.

На граѓанската иницијатива „450 Породилно(Пеленска револуција)која се организираше на социјалните мрежи и брои над 11 000 членови, а потребни и се 10 000 потписи.