Skip to main content

Стојаноски: Инфраструктурата во градов приоритет на новата Локална

Подобрувањето на инфраструктурата во градов, санирање и довршување на колекторскиот систем, изградба на четири нови спортски сали во училиштата, фабрика за отпад, но и гасификација на Охрид. Ова се проектите за кои зборуваше кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната прес конференција.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.
За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со овој проект, рече Јован Стојаноски-кандидат за градоначалник од СДСМ.
Сакаме да создадеме општина во која ќе се намалат разликите помеѓу градските и приградските населби. Затоа предвидуваме реконструкција на постоечката и изградба на нова улична патна мрежа во приградските населби, потенцира Стојаноски.
Нудиме нови решенија во водоснабдувањето, посебно во местата кои во летните месеци или воопшто немаат вода или се соочуваат со слаб притисок на истата, рече Стојаноаски.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ зборуваше и за нивните планови за изградба на четири нови спортски сали во училиштата, фабрика за отпад, но и гасификација на Охрид, проект со кој секое охридско семејство ќе заштеди во својот буџет.