Skip to main content

Годинава помалку сообраќајки во летниот период

Годинава туристичката сезона без евидентирани сообраќајни незгоди со смртни последици, открива портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. За тоа допринесе исполнувањето на една од главните мерки и заложби на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, односно воспоставување на стабилен режим во сообраќајот за време на летната туристичка сезона.

 |  Николоска Биљана  | 

СВР Охрид во текот на годинешнава туристичка сезона бележи помалку сообраќајни незгоди во споредба со лани. Аналитичките податоци на Секторот говорат дека во месеците јули и август се случиле 70 сообраќајни незгоди, додека во истиот период лани, биле регистрирани вкупно 78, како што информираше Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Од оваа севкупна бројка индикативно е дека во овие два туристички месеци немаме сообраќајни несреќи со жртви додека во истиот период лани евидентирани се две тешки сообраќајни незгоди со 4 починати лица за жал. Меѓу другите активности што полициските службеници ги имаат како анализа и согледување се и останатите прекршоци значи забележани се прекршување во сообраќајот кои што ги вршат сите учесници“.

Според Димоски една од нивните главни заложби за безбедност во патниот сообраќај било издигнување на состојбата во сообраќајот на едно повисоко ниво, не само во Охрид, туку и во приградските населби.

Она што е мошне карактеристично е да се каже дека оваа туристичка сезона помина со едно нагласено фокусирање на полициските службеници кон задржување на поволна состојба во сообраќајот во Охрид

Додека пак, што се однесува до сообраќајната култура воопшто во градов, се правеле прекршоци при преминување на кружните текови неправилно паркирање на патнички и други моторни возила на коловозните ленти, управување на технички неисправни возила, управување на патнички моторни возила без возачка дозвола и со изминат рок на важност на сообраќајните документи и други прекршоци. Прекршителите биле предупредувани, а против некои биле поднесени и соодветни пријави, информира Димоски.