Skip to main content

Траен белег на нашиот град претставува Охридската чаршија

Кандидатот за градоналачник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Др. Митко Тилевски, денес го претстави проектот од програмата со кој се планира уредување на изложбено продажниот простор во чаршијата со изработка на типзиирани штандови и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традиционална квалитетна дограма и типизирани тезги.

 |   | 

„Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон изработка на стратегија и акционен план за реконструкција и замена на дограма и излози од Охридската чаршија, со замена на традиционалните типови на дограма, истакна на денешената прес конференција Д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

„Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската чаршија преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници и уредување на угостителските тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традиционална квалитетна дограма и типизирани тезги“ истакна Д-р. Митко Тилевски – кандидат градоначалник ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“.

Тилевски објанси дека вој проект претставува и предвидува определување и уредување на изложбено продажниот простор во чаршијата со изработка на типзиирани штандови за продажба на сувенири и замена на досегашните тезги на строго определни локации на плоштадот. Предвидено е и поставување на рекламни билборби со фотографии од стар Охрид.

„Изобилството на стари автентични фотографии со локации од Охрид од минатото е одлична можност за привлекување на вниманието на сите туристи како и на граѓаните на Охрид. Со цел враќање низ времето преку еден визуелен времеплов и согледување на самата еволуција на градов. Билбордите ќе се поставуваат на повеќе локации низ градов со автетнични фотографии како сведоштво за изгледот на градов во минатото“ додаде Д-р. Митко Тилевски – кандидат градоначалник ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“.

Тилевски истакна дека охридската чаршија е траен белег и ризиница на градов и дека преку реализација на оваа визија Охрид ќе продолжи да биде лулка на културните, традиционалните, историските и религиските вредности на нашата земја.