Skip to main content

На Охрид му треба сеопфатна, долгорочна и одржлива стратегија за развоj

Стратегија која ќе се темели на нови вложувања во стопанството и рационално користење на прсторот, истакна на денешената прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, Јован Стојаноски.

 |   | 

„Наша визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски кутурни центри и градови на езера.За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сепофатна стратегија за развој на градот, стратегија која јасно ќе ги покаже нашите цели како локална самоуправа, истакна на денешената прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, Јован Стојаноски.

„Нашата стратегија за развој е долгорочна и одржлива бидејќи ќе се темели на нови вложувања во стопанството и рационално користење на просторот. Иднината ја базираме на паметните технологии и обновливите извори на енергија. Ги подобруваме економските услови и квалитетот на животот на граѓаните“ рече Јован Стојаноски – кандидат градоначалник СДСМ и коалиција „За живот во Македонија“.

Стојаноски порача дека мора да одлучиме во каков град сакаме да живееме. Тој посочи дека со изработка на оваа стратегија , ќе се одредат и целите и приоритетите кои сакаме да ги постигнеме како општина.

„Работиме посветено бидејќи само така можеме да го гарантираме успехот. Успехот на еден ќе значи успех на сите, на целата општина. Една од нашите мисии е создавање на транспарентна општина за сите и токму затоа, за оваа важна стратегија ќе го побараме мислењето на стручната јавност, но и на секој граѓанин“, додаде Јован Стојаноски – кандидат градоначалник СДСМ и коалиција „За живот во Македонија“.

Стојаноски потенцира дека се именуваат работни групи за секој сектор, се анализираат моменталните состојби и се дефинираат стратешките приоритети и цели, за на крај да се зацртаат плановите за акција.