Skip to main content

Турците и Србите најбројни туристи за оваа сезона

Туристите од Турција ова лето најбројни дури 25 468 одмарале во убавините кои ги нуди нашата земја,веднаш зад нив се Србите со околу 8 илјади потоа Холанѓаните и Пољаците со речиси исто околу 5 илјади туристи па Бугарите со 4 илјади.

 |   | 

Иако заводот за статистика не го одвојува Охрид од останатите сепак предводат езерските места во посетеност.Најбарани се хотелите потоа куќите и становите за сместување.

Надлежните велат дека радува податокот што покрај странските повторно се враќаат и домашните туристи тие бележат пораст од 3 посто во месец јули оваа година споредбено со лани.

И покрај серијата земјотреси кои што го зафатија охридскиот регион сепак има пораст на туристите. Според податоците на Државниот завод за статистика, споредбено со минатата година има зголемување на посетителите за 18.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.9%.