Skip to main content

„Ohrid sailing cup“ повторно ќе го разубави езерото

Празник за сите љубители на едрењето. Утре во водите на охридското езеро ќе се одржи уште едно издание на „Ohrid Sailing Cup“, со кој на голема врата се враќа едрењето во Охрид.

 |   | 

Празник за сите љубители на едрењето. Утре во водите на охридското езеро ќе се одржи уште едно издание на „Ohrid Sailing Cup“, со кој на голема врата се враќа едрењето во Охрид. Учество ќе земат 15 едрилици со по 3 члена. Ќе се  едри во 2 класи: Микро и минитонер. Планирано е да се изедрат минимум 3 трки, согласно временските.

Едрејќи на регатното поле од градското пристаниште – Куба Либре – Канео – Градско пристаниште, едриличарите од од градов ќе им приредат вистинско дожувување на сите љубители на овој спорт, но и на оние кои едноставно сакаат да уживаат во овој несекојдневен настан и убавините на езерото.

Регатата ќе може да се следи од кафе бар „Aquarius“, лаунџ бар „НОА“, рестораните „Момир“ и „Далга“ како и од „Liquid“ и „Kadmo“ кафе баровите. Свеченото отварање на регатата ќе биде во 10:30 на терасата „Аквариус“, на првата трка во 11 часот.