Skip to main content

Тилевски најави низа проекти за поквалитетен живот

Подобар стандард на луѓето, дополнителни нови работни места и приход, подобрување на квалитетот на животот на населението е приоритетот на идната Локална Самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешената прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, Др. Митко Тилевски.

 |   | 

Општината ќе тежнее кон заложби за економски развој на Охрид и проширување на активностите преку ефикасно користење и распределба на ресурсите за одржлив економски пораст, рече на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, Др. Митко Тилевски. Додаде дека првичната цел на низата проекти кои ги промовираат е помош на охриѓани за подобрување на својата социјална и економска положба, квалитетот на живеење според европските и светските стандарди.

„Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на Општина Охрид врз основа на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Советот на Општина Охрид“ рече Др. Митко Тилевски – кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“.

Тилевски ја најави и можноста за субвенционирање на граѓани со над 50 години при самовработување во социјални активности, преку кој одредени категории на граѓани кои потешко наоѓаат работа и граѓани кои се во тешка социјална состојба и имаат потреба од услуги од типот на чување на деца и на стари и изнемоштени луѓе, ќе може да ја подобрат социјалната состојба во која се наоѓаат. Рече дека во план е доделување стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци, субвенционирање на курсеви по информатика за возрасни и посебни категории, за сите оние кои сакаат да го подобрат своето знаење со цел да бидат поконкурентен на пазарот на труд.Тилевски рече дека се планира и формирање на претриемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица.

„Со овој проект се предвидува формирање на претприемнички инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфрастуктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Истовремено би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти“ потенцира Др. Митко Тилевски – кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“.

Тилевски вети дека еден од проектите ќе биде и проектот за субвенционирање за купување велосипед, со која мерка Општина Охрид ќе ги мотивира своите граѓани, почесто да го користат велосипедот како превозно средство, со што ќе се придонесе за поздрава околина, почист воздух и поздрави навики, како и проектите за општокорисна работа преку секторот за туризам и локален економски развој и изградба на центар за бездомници.