Skip to main content

Ставрески: Создавање на модерен спортски комплекс и услови за развој на спортот во Охрид

Правилниот раст и развој на децата преку спортување во фокусот на денешната прес конференција на Сашо Ставрески кандидат за советник од СДСМ и Коалаицијата. Ветуваат создавање на модерен спортски комплекс во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“, спортска структура и вложување во нови училишни спортски сали.

 |  Валентина Неловска  | 

Постоење на поголем број спортски објекти е услов за спроведување спортски активнсоти, физичко воспитување и рекреација на охриѓани, посочи Сашо Ставрески кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата. Работата на спортските организации е невозможна без адекватен спортски објект, рече на денешната прес конференција Ставрески.

„ За таа цел,ќе создаваме модерен спортски комплекс во рамки на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ кој ќе опфаќа отворени и затворени спортски објекти, кои ќе бидат физичка, функционална и техничко-технолошка целина со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за различни спортски активности“, подвлече во обраќањето Ставрески кандидатот за советник од СДСМ и Коалаицијата.

Со вложувањето во модернизација на спортските објекти, ќе ги подобриме условите за развој на спортот во Охрид, работењето на клубовите и развој на спортскиот туризам, кажа Ставрески.

„ Со создавање адекватна спортска инфраструктура, ќе го оствариме сонот на секој охриѓанец, покрај ракометот и кошарката, да имаме и други квалитетни екипи кои ќе бидат во врвот на македонскиот спорт. Дополнително, го зголемуваме бројот на домашни и странски екипи кои доаѓаат на подготовки во Охрид, “ напомена Ставрески .

Кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Ставрески најави вложувања во спортот со изградба на нови училишни спортски сали кои ги предвидуваме во основните училишта „Братство Единство“ во Лескајца, „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“ во Лескоец и стручното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

За правилен раст и развој на децата преку спортување ќе се организираат натпревари на спортски училишни тимови во општински и регионални лиги, ќе се организира месец на спортот кога спортските објекти низ градов, ги отвораат своите врати за бесплатно спортување на младите, истакна Сашо Ставрески кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата .