Skip to main content

Раздолжувањето на Охрид уште една предизборна лага на СДС Охрид, обвини Шикоски од ВМРО – ДПМНЕ

Раздолжувањето на Охрид уште една предизборна лага, обвин кандидатот за советник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија Дејан Шикоски, на денешната прес конференција.

 |  Николоска Биљана  | 

Времето на празни ветувања и продавање магла заврши. На граѓаните им е потребен градоначалник кој ќе ги решава нивните проблемите и ќе работи во нивен интерес, а не градоначалник кој што со од ракав истресени и слаткоречиви ветувања се обидува да ги прелаже граѓаните, истакна кандидатот за советник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Дејан Шикоски. Тој рече:

„ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува кандидатот за Градоначалник на СДС Јован Стојаноски дали тој и неговата партија го променија ставот околу раздолжувањето на Охрид, за кое во медиумите тврдеа дека цитирам „сигурно ќе се случи“, а сега нивниот кандидат за Градоначалник во четири последователни настапи зборува за цитирам „ќе вршам притисок врз Премиерот да се раздолжи Охрид“?

Шикоски напомена дека согласно член 41, став 1, од Законот за финансирање на единици на Локална самоуправа, општините може да добијат кредит, само за финансирање на капитални инвестиции, но не и за раздолжување. Тој јавно запраша?

Дали вака променетата реторика на СДС значи дека полека но сигурно се потврдува вистината за стравувањата на јавноста, дека целата приказна која ја пласира владата на Зоран Заев за раздолжување на Охрид беше само популизам и маска. Да се протне преземањето на долговите за Колекторот со цел целосно да се раздолжи општина Струга, а со тоа неколкуте коалициони партнери на Заев да добијат финансиски раздолжена општина, за да има мир во владината Коалиција и да се сочува тенкото мнозинство во Парламентот. Додека пак за раздолжување на Охрид ќе треба како што вели сега Стојаноски, „да вршиме притисок врз Премиерот“.

Според Шикоски јасно било дека и раздолжувањето на Охрид било само уште една предизборна лага на СДС. Но Шикоски истакна дека за пофалба било тоа што Јован Стојаноски бил прв претставник на партијата СДС јавно пред камери признал дека долгот на општина Охрид бил 50 милиони евра.