Skip to main content

Стефаноска од ВМРО-ДПМНЕ со прашања до кандидатот за градоначалник на СДСМ

Тема на денашната прес конференција на кандидатката за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“,  Снежана Стефаноска неколку прашања до кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „За живот во македонија“ Јован Стојаноски, за како што изјави таа неговите ветувања за вработувања, функции, бизниси, маркици, и други привилегии со кои се расфрла по градот и ги лаже граѓаните и членовите на СДС.

 |   | 

„Дали Јован Стојаноски знае дека вработувањата во охридската Пожарна кои ги ветува низ цел град, а најмногу во Велгошти нема да може да ги реализира бидејќи за тоа постои законска препрека“, јавно запраша Снежана Стефаноска, кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Во Пожарната во Охрид целосно е исполнет дозволениот законски број на вработени и во никој случај не ќе може да има нови вработувања. Единствено е можно да се вработи некој само ако има лице кое исполнило законски услови за пензија или некој да биде отпуштен од работа“, кажа Стефаноска на денешната прес конференција.

„Затоа прашуваме: Дали Јован Стојаноски планира да брка дел од вработените од работа за да ослободи место и да прими нови (што законски исто така не може да го направи бидејќи вработените имаат решенија за работа) или упорно ги лажи оние на кои тоа им го ветува и со лага се обидува да го добие нивниот глас“ запраша Снежана Стефаноска -кандидат за советник ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Стефаноска запраша и за тоа на колку луѓе Јован Стојаноки им го ветил раководното место Раководител на ТЛЕР и кои биле тие тројца личности.

„Почитувани Ве прашуваме јавно: Дали Јован Стојаноски може да одговори која структура од раководството на поранешниот градоначалник Алескандар Петрески планира да ја врати на позиции? Кои луѓе од времето на мракот, хаосот, грабежот и безредието Јован Стојаноски планира да ги устоличи на раководни места, но и кои состојби во Охрид ветил дека ќе ги врати назад?“ запраша Снежана Стефаноска -кандидат за советник ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

За крај Стефаноска го запраша кандидатот за градоначалник Јован Стојаноски за тоа дали планира да ги даде паркинзите повторно на приватни фирми, и на кои фирми ги има ветено, која е фирмата на која`и е ветено дека ќе ги фарба улиците, поточно пешачките премини и ќе поставува сообраќајни знаци и каде треба и каде не треба за да го празни градскиот буџет.