Skip to main content

Преку функционирањето на јавните услуги ќе создадеме општина која ќе биде услужна и ќе одговори на секој граѓанин

Јован Стојаноски кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, Јован Стојаноски најави и развивање на комуналната инфраструктура, вода за пиење до секое домаќинство, вклучување во канализационата мрежа на сите и организирано собирање на комунален отпад.

 |   | 

Нашата мисија е да бидеме достапни, отворени за сите граѓани и транспарентни. Создаваме општина која ќе биде услужна и ќе одговори на секој граѓанин. Функционирањето на една локална самоуправа се огледув преку функционирањето на јавните услуги, преку работата на јавните претпријатија кои треба да обезбедат соодветни услуги. Тие постојат за да им служат на граѓаните“ најави на денешната прес конференција Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

„Токму затоа обезбедуваме висококвалитетни комунални услуги и поставуваме стандарди кои ќе значат дека тој висок квалитет на услуга ќе биде постојан. За да го постигнеме ова, ја обновуваме потребната механизација на јавните претпријатија бидејќи таа им е основна алатка во обезбедувањето на квалитетни услуги“ рече Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Стојаноски потенцираше дека ќе се гарантираат стандарди кои обавезно ќе се почитуваат бидејќи тоа е единствениот начин да се следи процесот на обезбедување на услуги кон граѓаните.

„Јавните претпријатија повеќе нема да бидат загубари, туку ќе прераснат во високодоходовни субјекти. Тие ќе обезбедуваат одлични услуги, граѓаните ќе бидат задоволни, а приходите остварени од тие услуги ќе им ја подобруваат финансиската состојба. Воедно ја развиваме и комуналната инфраструктура со која ќе обезбедиме вода за пиење до секое домаќинство и постојан притисок во текот на целата година“ Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Во план е воведување на поефикасни системи за наводнување, 90% од домаќинствата да бидат вклучени во канализационата мрежа до 2021 година и 100% покриеност на домаќинствата со организирано собирање на комунален отпад, најави на денешната прес конференција Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.