Skip to main content

Водата од градскиот водовод е со добар квалитет за пиење.

Водата од градскиот водовод е со добар квалитет за пиење. Проблем и понатака  се селските водоводи  каде што не се приемнува  средство за хлорирање. Површинските  води крај езерскиот брег се од прва и втора категорија, а проблематични  и понатака се устијата каде што се влеваат реките во езерските води.  

 |  Валентина Неловска  | 

Последните испитувања на мостри со вода за пиење од градскиот водовод и површинските води во Охрид покажале дека се со добар квалитет. Во охридската водоводна мрежа нема индикатори за нарушување на квалитетот на водата за пиење, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Она што загрижува, а не е ново, што во водоснабдувањето со водата за пиење се селските водоводи продолжува практиката да не се употребува средство за хлорирање. Во селските водоводи 70 посто од водата е со добар квалитет, но 30 посто од земените мостри во селата покажауваат дека нема средство за хлорирање на водата.

voda„Упатуваме апел до оние кои стопанисуваат со селските водоводи да набават средство за дезинфекција и што поскоро да го применат. Се работи за луѓе кои не се доволно едуцирани какви шеттеи може да настанат по здравјето на луѓето од конзумирање на нехлорирано вода која може лесно да се загади“, подвлекува Точков.

Инспекциските служби изрекуваат забрани за употреба на водата за пиење, но и покрај тоа водата не се хлорира, вели Точков. Мострите, пак, земени од површинските води на езерскиот брег во септември покажуваат добар квалитет на водата, вели Точков.

„ Квалитетот на сите води е очекувано добар. Водата е микробиолошки одлична и спаѓа во 1 и 2 категорија на целото крајбрежје“, посочува Точков.

Директорот на ЦЈЗ укажува дека и понатака проблематични се местата каде што се влеваат реките во езерските води, како што е Велгошка река.