Skip to main content

Преку успешна реализација на проекти до поголем број туристи

„Претставувајќи го Охрид како една од дестинациите кои мора да се посетат, а преку реализација на неколку нови проекти ги отвораме вратите на туристите, а истовремено и постојано работиме на подобрување на инфраструктурните решенија и на збогатување на содржините на и онака богатото културно и природно наследство на УНЕСКО“, истакна на денешната прес конференција Др. Митко Тилевски Кандидат за градоначалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

 |   | 

„Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Републиката, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми, постигнавме голем успех зголемувајќи го бројот на странски и домашни туристи, рече на денешната прес конференција Др. Митко Тилевски Кандидат за градоначалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Вратите на туристите ќе се отворат преку реализација неколку проекти, мешу кои е изградбата на конгресниот центар, рече тој.

„Не се откажуваме од оваа идеја иако истата претходно беше стопирана. Со инвестирањето во изградба на Конгресен Центар, Охрид ќе добие уште еден дополнителен адут како за граѓаните така и за здруженијата, институциите и организациите кои го избираат Охрид особено во пролетните и есенските месеци како дестинација за одржување на своите симпозиуми, конгреси и настани. Со тоа се инвенстира и во продолжување на летната сезона и се потпомага на чинителите на туристичко-угостителската дејност. Очекуваме поддршка од Владата на РМ“ рече Др. Митко Тилевски – Кандидат за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Тилевски од проектите во програмата ги издвои уште и воведувањето на бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот, проект преку кој бесплатен интернет ќе биде достапен како за граѓаните така за сите посетители и туристи, воведување видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес, набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување, како и воведување на систем за паркирање „Smart Тraffic management“.

„Преку воведување на системот за паркирање „Smart Тraffic management“, преку користењето на напредната технологија, комбинирана од смартпаркингметри, сензори и софтверски апликации, ќе се овозможи решение на паркинг-можностите во градот со флексибилни паркинг-опции за граѓаните и посетителите, а истовремено ќе се овозможи намалување на сообраќајната гужва и аерозагадувањето“ додаде Др. Митко Тилевски – Кандидат за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Планирана е и набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по Охридското крабрежје, изградба на хидрантска мрежа, поставување на противпожарна пристапна мрежа во Стариот дел на градот, набавка на нова опрема за противпожарната станица, курсеви за пожарникарите на меѓународни семинари, набавки на нови возила.