Skip to main content

Нема поважна мисија од тоа Охрид да го направиме општина за сите граѓани

„Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина“, рече на завршната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ Јован Стојаноски.

 |   | 

„Нема поважна мисија од тоа Охрид да го направиме општина за сите граѓани. А нема ништо поважно од здравјето на луѓето. Затоа наш приоритет е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење и чист воздух. Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на отпад и енергетски ефикасни објекти, истакна на завршната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ Јован Стојаноски.

„Парите ги враќаме кај граѓаните. Соработуваме со бизнисите, заедно ги креираме плановите за поефикасен локален економски развој. Преку соработка со фирмите, обезбедуваме сигурна пракса за младите, ги насочуваме во професионалните кариери. Создаваме отворена и услужна, општина за сите. Обезбедуваме пријатни детски градинки, чисти и загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби“ рече Јован Стојаноски -кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Стојаноски додаде дека нивна заложба е граѓаните да бидат вклучени во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Им порача на охриѓани дека во недела стојат пред најважниот избор од кој зависи иднината на Охрид и нивната иднинда.

„Ве повикувам, храбро, достоинствено и одлучно, сите заедно, да излеземе и да го дадеме својот глас за подобар Охрид. Охрид го заслужува тоа, вие го заслужувате тоа. Охрид не може и не смее повеќе да биде заложник и да тапка во место. Со заокружување на бројот деветнаесет, вие ја имате моќта да изберете живот во Охрид за сите. Одлуката е лесна. Придружете ни се“ порача Јован Стојаноски -кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Стојаноски објасни дека преку градењето на инфраструктура за сите и со одговорно, квалитетно и домаќинско работење, секој граѓанин ќе добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.