Skip to main content

Визија за просперитет на Охрид

На завршната прес конференција на кандидатот за градончалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ др. Митко Тилевски истакна дека неговата визија и план ќе му донесат просперитет на Охрид.

 |   | 

„Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за охриѓани. Нашите сограѓани ќе добијат соодветни услуги, услуги какви што заслужуваат. Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истатата љубов и посветеност како првиот ден, истакна на денешената завршна прес конференција др. Митко Тилевски, кандидат за градончалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

„Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна соработка на градот. Ние сме луѓе од збор. Тоа што го мислиме, го зборуваме, и го правиме. Ние ги исполнуваме нашите ветувања. Рамо до рамо со сите Вас од сите места на Охрид, Македонци, Турци, Срби, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите други, наша доблест е што ги слушнавме Вашите препораки“ рече др. Митко Тилевски – кандидат за градончалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Тилевски додаде дека овој град им припаѓа на охриѓани, потенцирајќи дека идеите се нивната визија која преку цели и задачи ќе ја остваруваат за Охрид во новата ера, кон посветла иднина во сиот негов сјај. Носителот на листа за советници пак, Кирил Пецаков рече дека граѓаните може да бидат сигурни дека новите проекти што ги нудат со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години.

„Бевме со народот и меѓу народот. Пружаме рака на секој граѓанин. Сите сме една целост, едно заедништво, една душа. Секое катче, секоја улица, секој праг е Охрид. Отваривме непосредни средби со сите граѓани. Водевме исклучително позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега“ порача Кирил Пецаков – носител на листа за советници ВМРО-ДПМНЕ коалиција „За подобра Македонија“.

Пецаков ги повика сите граѓани од секој дел на градот, Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите останати кои сакаат да бидат дел од прогресивните идеи, да пристапат кон нивниот тим и заедно да дејствуваат во насока на подобрување и унапредување на општественото живеење во Охрид.