Skip to main content

Охрид доби современа мртовечница

Охрид доби современа мртовечница. Погребалниот оператор „Мирен Сон“, за таа намена адаптира посебни простории во рамки на постоечкиот објект, кои се опремени по сите стандарди согласно нивната дејност која ја обавуваат. Современата мртовечница ќе работи со двојно пониска цена од онаа која што корисниците на нивните услуги ја плаќаа за ладилниците кои погребалниот оператор досега ги изнајмуваше.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес беше отворена првата мртовечница во Охрид. Станува збор за современо уреден објект кој ги исполнува Европските стандарди, велат од погребалниот оператор „Мирен Сон“. Денис Шибакоски, открива дека оваа дејност требало многу порано да функционира во нивното претпријатие, бидејќи условите во кои работеле досега само ја усложнувале оваа активност, бидејќи биле принудени починатите лица да ги носат во ладилниците во Скопје и Битола. Даниела Кузмановска вработена во ова претпријатие појасни кои се олеснителните околности, од кои се разбира најголем интерес би имале граѓаните на Охрид, бидејќи сепак капацитетот на новиот објект бил доволен да ги задоволи потребите на град Охрид и околните општини.

Пример се случува да починие човек кој што е од друга држава, што за жал е доста често и тогаш таа процедура за репатријација на починатите лица во друга странска држава е малку подолга и трае повеќе денови и има потреба починатите лица да бидат замрзнати. Постојат и случаи каде што на починатите лица се чека неко јод нивните најблиски роднини да пристигнат од странство и тогаш има потреба починатите лица да бидат замрзнати за да се очува квалитетот на телотои да биде се како што треба“

Досега во нашиот град немаше лалдилник за починати лица, вели Кузмановска. Додава дека за реализација на оваа идеја претходно направиле опсежни анализи, од кои се покажало дека градот има голема потреба од современа мртовечница од ваков тип.

Со оглед на потребата Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија и потребата на граѓаните се одлучивме да набавиме современа и модерна мртовечница која е опремена со два ладилници еден за одржување на починатите лица друг за замрзнување. За овие ладилници ги обезбедивме и сите потребни документации согласно законот

Од Мирен Сон велат дека како одговорен и сериозен погребален оператор воделе сметка и при формирање на цената за услугата на ладилникот, односно истата ќе биде двојно пониска од онаа што досега граѓаните ја плаќаа за користење на оваа услуга. Додаваат дека и во иднина ќе продолжат да ги следат современите светски трендови за обавување на нивната дејност, која покрај што е специфична и бара добро обучен кадар, бара и набавка на современа техника и технологија.