Skip to main content

Телесна повреда при семејно насилство во Лешани

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани.

Пријавенио, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.