Skip to main content

Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град

По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Неделата на борба против гладта од 17 до 23 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани.

 |   | 

По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Неделата на борба против гладта од 17 до 23 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Неделата на борба против гладта од 17 до 23 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Планирани се голем број активности вели секретарот на охридскиот црвен крст, Мимоза Ставрева.

„Меѓу кои и прибирање на донации кои ќе бидат наменети за купување на храна за сиромашните, прибирање на прехранбени производи и хигиенски производи. Исто така имаме активност за продажба на вредносни бонови, кои нашите воилонтери ги дистрибуираат низ центарот на градот, и низ фирми и институции, средства кои исто така ќе бидат наменети за купување на храна на семејствата од нашите општини Охрид и Дебрца“ објаснува Ставрева.

Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луЃе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад. Ставрева истакна дека за поздравување се заложбите и помошта од младите волонтери од клубот на млади при охридскиот црвен крст.

„Ние имаме контакт со малдите волонтери од нашиот Клуб на малди кои се вклучени и верувајте толку се хумани и толку учат од сите овие активности и се надоградуваат себе си и во иднина а имаме и такви примери прераснуваат во прекрасни млади амбициозни личности кои ќе бидат наши амбасадори во пренесувањето на хуманата мисија и ќе прават позитивни промени во општеството“ потенцира Ставрева.

Во Македонија во 2015-та година според ДЗС, стапката на сиромашни лица изнесува 21,5%. Во оваа година 445.000 граѓани живееле под прагот на сиромашитјата. Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите односно децата до 17 години, 28,6%, а најниска кај повозрасните односно кај постарите од 65 години и тоа 14.5%. 39.7% од невработените 8.9% од вработените и 7.3% од пензионерите живеат во сиромаштија.