Skip to main content

Граѓаните најмногу трошеле на храна, а најмалку на здравјето

Вредноста на семејната потрошувачка кошница во месец август изнесувала 32.316 денари.
Граѓаните најмногу трошеле пари на храна, а на листата на приоритети на најниската скала е контрола на здравјето.

 |  Валентина Неловска  | 

Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари, според податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.

Од објавената сума од 32.316 денари за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денари. За храна во август се одвојувале 13.422 денари. На комуналните трошоци се издвојувале 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари. Месечно граѓаните трошеле 2.340 денари за превоз и за облека и обувки 2.129 денари. За посета на културни манифестации се издвојувале околу 1.070 денари.  Одржувањето на личната хигиена во август според синдикалната кошница, македонските граѓани ги чинело 980 денари, а за хигиена на домот се издвојувале 1.244 денари. Најмалку пари од семејниот буџет во месец август оваа година македонските граѓани потрошиле за контрола на здравјето околу 680 денари.

Почнувајќи од 2011 година, Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според досегашните критериуми со цел да ги следи препораките на ЕУ во насока на хармонизирање на нашиот статистички систем со оној на земјите од ЕУ. Шест  години по ред пресметката е препуштена на сојузот на синдикатите на Македонија.