Skip to main content

Кривична пријава за млад коселчанец за предизвикување општа опасност

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од охридското село Косел.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од охридското село Косел.

Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец со фрлање камења врз станот на В.Г. лоциран на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид. Тој, најнапред во 01 часот а потоа и во 02 часот и 40 минути, фрлил камења кон прозорците од станот и ги скршил, по што веднаш избегал од местото.

За време на увидот во станот, пријавениот на влезната врата од станот фрлил запалива материја од која се запалил дел од влезната врата. Полициските службеници кои вршеле увид во станот, веднаш интервенирале, го локализирале пожарот а потоа и целосно го изгаснале.