Skip to main content

Стојаноски: Прекуграничната соработка со Грција ќе донесе реални вработувања на младите од Охрид

Новата Локална самоуправа е програмски определена за изработка на Стратегијата за развој на град Охрид до 2023 година, посочи градоначалникот проф Јован Стојаноски на завршниот настан од Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување, што денес се одржува во хотел Тино во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Реални вработувања посебно за младите од Охрид, ќе биде бенефитот од реализација на проектот за основање на нови претпријатија и зајакнување на постоечките, истакна првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Тој денес во хотел Тино Охрид ја отвори Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување Градоначалникот Стојаноски нагласи дека општина Охрид со овој проект покажала сериозна заинтересираност за зголемување на бројот на работни места во нашиот град, појаснувајќи во каква состојба се нашите претпријатија.

Постоечките претпријатија во моментот се соочуваат пред се со изнаоѓање на квалификуван кадар и заради тоа во суштина е поставен овој проект за да ги искористиме искуствата од ЕУ и на кој начин одел прогресот на економијата во земјите од ЕУ во случајот со Р Грција со кој што партенрски е работен овој проект. Во иднина претпријатијата да вложуваат и во образованието и на таков начин уште во фазата на образованието да регрутираат квалификуван кадар

Една од долгорочните цели на проектот е подигнување на развојот на економијата преку мерки кои се преземени од искуствата на Грција, односно она што мислиме дека претставува начин на кој што можеме да ги поврзиме невработените со стопанските субјекти кои што имаат потреба од квалификуван кадари, истакна Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.

Јас сум убеден дека по завршувањето на овој проект дека барем краткорочниот бенефит ќе биде, остварување на повеќе директни контакти и вработување на одредена група на млади лица на овие компании кои што изразија подготвеност и желба да соработуваат во овој проект, но долгорочно ќе оствариме една методологија како во иднина да се подобри економскта состојба во однос на пристапот на невработените до пазарот на труд или потребите на стопанството во Охрид

Главната цел на проектот е подршка на соработката помеѓу двете држави со фокус да се поддржат постоечките компании но и да се поддржат невработените да најдат работа, истакна проектниот менаџер од Грција Теодосис Хаѕионидис.

„Мора да ја потенцирам соработката помеѓу нас и општина Охрид која што до овој момент е на едно одлично ниво, да ја потенцирам одличната работа која што вработените во општината како партнер ја вршат во имплементација на овој проект и се надевам дека главните цели кои што се зацртани во овој проект ќе бидат да се обучат што поголем број на млади лица да научат да подготвуваат свој бизнис планови да најдат нов начин како да пристапат до компанииите и на тој начин да најдат вработување

Очекуваните резултати од проектот се најмалку 2.000 посетители на веб страницата годишно, најмалку 8.000 лица да бидат информирани за реализација на проектот, 2.000 претприемачи да ја користат платформата за бенчмаркинг и 100 претпријатија да ги зголемат нивните претприемачки капацитети. Тоа е голем бенефит за сите учесници во проектот но и за општествените заедници во меѓуграничната зона. Општина Охрид има прецизно утврдени цели за забрзан економски развој, во кој влегуваат и ваквите проекти. Инаку во Локалната самоуправа во тек, покрај овој се и други проекти. Паралено, се одвиваат и обуки на дел од администрацијата за подготовка на апликации за добивање средства од разни фондови и нивна имплементација.