Skip to main content

Грданоски: Целосна ангажираност, посветеност кон работата и минимум време поминато во канцаларија, ќе бидат дел од моето секојдневие во ЈП

Набавка на нова механизација еден од најголемите приоритети на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Целосна ангажираност, посветеност кон работата и минимум време поминато во канцаларија, ќе бидат дел од моето секојдневие во ЈП за кое ја добив најодговорната функција, вели директорот Љупчо Грданоски.

 |  Николоска Биљана  | 

Повеќе приоритети се дел од програмата на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски. Тој вели после 15 години стаж на неколку позиции во ова ЈП добро му било познато како дише претпријатието и каде се концентрирани најголемите проблеми. Грданоски кажа дека возниот парк во делот на механизација потребно е од корен да се измени, односно да се набават неколку нови возила.

„Околу проблемот со старата механизација веќе се соочуваме околу подготовката за зимско оддржување. Тука сме веќе дефицитарни со еден камион помалку во однос на претходните години. Тука настапуваме во соработка со другите ЈП, од каде добивме подршка, во тек се сите подготовки, механизацијата во смисла соларки веќе е пробана, наместена, набавена е сол индустриска и иризла за посипување на улиците така да сметам дека спремни ќе ја дочекаме зимата и најавените снежни врнежи и минусни температури бидејќи и тоагаш имаме активност без оглед дали врне или не снег“

Грданоски кажа дека уште првиот ден кога седнал на директорската позиција се зафатил за чистење на дивите депонии во градов. Според него овој горлив проблем треба да се надмине и кажа дека очекува добра соработка од комуналната инспекција која ќе почне да ги казнува сите прекршители, посебно оние кои депонираат градежен шут.

„За жал дивите депонии се грда слика и многу често, буквално во секоја населба од градот ги има. Вгикендов го расчистивме просторот околу прес контенјерите во населбата „Христо Узунов“ и ул „Богомилска“, во неделата чистевме во населба Далјан, во текот на денешниот ден расчистувавме на ул „Славеј Планина“ и продолжуваме по распоредот кој што го имаме утврдено во наредните денови

Директорот на Комуналец планира просторот околу прес контенјерите во населбата „Христо Узунов“ хортикултурно да го уреди и да постави физичко лица кое од 7 часот наутро до 22 часот ќе биде присутно таму, како чувар на тој простор. Исто така тоа лице ќе има обврска да го презема и селектира комуналниот отпад од граѓаните кои тука доаѓаат да го депонираат.