Skip to main content

Презентирани стипендиите кои ги нуди Американската амбасада за македонските студенти и професори

Презентирани стипендиите кои ги нуди Американската амбасада за македонските студенти и професори. Стипендиите се наменети за сите возрасти  и групи на студии. Критерумите се едноставни  и транспарентни, а целата администрација  е обврска на амбасадата. 

 |  Валентина Неловска  | 

На ФТУ и на Универзитетот Св Апостол Петар презентирани стипендиите за студирање на американските универзитети за македонските државјани. Стипендии има за сите возрасти и групи на студии за студенти и професори, информира Газмен Иласи од американската амбасада одговорен за образовните програми. Се нудат стипендии почнувајќи од средношколците , додипломски постдиполомски, интензиви постдипломски студии, за професори кои сакаат да предаваат или да истражуваат, програми за новинари и невладини организации .


„ Сите кои се заинтересирани да добијат поинакво искуство да стекнат искуство и познавање на Американските универзитети имајќи го предвид фактот дека Универзитетите се лидери во светот по нивното супер квалитетно образование“, напоменува Иласи.

Критерумите се едноставни и транспарентни, а апликациите се онлајн со лични информации и мотивационо писмо зошто се аплицира, појаснува Иласи.

„Најбитно е да се има добра желба, добро познавање на англискиот јазик. За стипендијата се бара копие од пасош и државјансто на РМ , уверени за оценки и лични информации“, наведува Иласи.
Студентите и професорите сами избираат на кој универзитет сакаат да студираат или предаваат , а студискиот престој зависи од програмите и трае од 3 месеци до 3 години.