Skip to main content

Легализацијата во Охрид бавно оди

Малиот процент на решени барања во втората фаза од примената на Законот за третман на бесправно изградени објекти е индикатор дека постапката за легализација во Охрид оди бавно. Во втората фаза од примена на Законот за третман на бесправно изградени објекти, Локалната самоуправа на Охрид одговорила само на 4% од доставените барања за легализација.

 |  Николоска Биљана  | 

Поголем дел од барањата на граѓаните за легализација на нивните бесправно изградени објекти се нерешени. Законот за третман на бесправно изградени објекти се применуваше во 2 фази, првата во 2011, втората од 2016 година.
Многу е слаб процентот на решени предмети во втората фаза од примената на Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно некаде околу 4 посто. Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски информираше дека во втората фаза биле поднесени 3263 а биле решени 135 предмети. Одреден временски период се почуствува и застој во решавање на барањата за легализација, како што посочија дел од граѓаните кои се засегнати со оваа проблематика.

Точна е вашата забелешка дека одреден период имаше …условно кажано некаков застој во решавање на предметите, тое е поради големиот обем на работа, односно во тој период имаше потреба да се решаваат други некои проекти и барања на граѓаните или проекти кои требаше да ги спроведе локалната администрација и затоа можеби со побавно темпо, односно со помал обем на работа се работеше на овие предмети“.

Џамтоски информираше дека од 2011 до 2013 година биле поднесени 11 093 барања, од кои 4150 биле решени, а останатите биле во постапка на решавање. Тој смета дека и неажурноста на граѓаните допринела да имаме една ваква слика во спроведувањето на Законот за третман на бесправно изградени објекти.

„За сите барања од првиот период од 2011 до 2013 додека се примаа барањата донесени се заклучоци за сите предмети, од нив како што кажав дека 4150 се решени и нешто над 63% се нерешени во најголем дел поради непотполна документација, односно не доставување на геодетски елаборат“

Џамтоски кажа дека состојбата веќе е надмината и дека во овој период предметите за легализација на бесправно изградени објекти се решаваат по вообичаената процедура и очекува дека тоа темпо можеби ќе биде и забрзано, со цел што поскоро да бидат решени предметите. Џамтоски вели мора да се има предвид дека бројот на барања за легализација е голем, и нагласи дека службите од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште го даваат својот максимум во решавање на овие предмети.