Skip to main content

Бошкоски:Обединети за Македонија има мисија да го обедини македонскиот народ

Лидерот на Обедината за Македонија Љубе Бошкоски во посета на Охрид каде што  го отвори политичкиот штаб. При тоа се сретна со приврзаниците  на партијата. Тој порача дека Обединети  за Македонија  е  партија која има мисија  да го поврзе  и обедини македонскиот народ.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид отворен вториот политички штаб на Обединети за Македонија по оној во Скопје. На отварањето присуствуваше и партискиот лидер Љубе Бошкоски. Бошкоски оствари средба со приврзаници и членови на партијата. Се осврна на актуелните политички случувања на македонската сцена поврзани со јазикот, името и гардењето на добрососедски однсои. Во своето обраќање меѓу другото кажа дека како партија која учествува во партиципација на новата власт не сака Македонија во која владее страв и поделба.

„ Македонија мора да ја градиме да ја внесеме во НАТО И ЕУ никој нема да ни го загрози идентитетот, јазикот и името.Се друго се лаги и конструкции. Народот се навикна на такви конструкции , но сега се одвикнува. Никој не може да ни го земе идентитетот. Да заврши времето на делење, ова е време на поврзување и обединување на граѓаните ,а тоа е нашата света мисија на Обединеити за Македонија. Да ги надминеме поделбите на верските, националните и интернационалните основи и да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат “, порача Бошкоски.

Љубе Бошкоски истакна дека нивна заложба ќе биде враќање на членството и сјајот на нивната партија, кој во духот на вмровските демохристиајнски и обединувачки вредности се вткаени во програмските цели на Обединети за Македонија.