Skip to main content

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил

Денес  православните верници го празнуваат Св.  Архангел Михаил. Бројни  верници го посетија единствениот охридски храм во Кошишта посветен  на овој светител. Св Архангел Михаил на многу охридски  семејства е заштитник и домашна слава, а и именден на луѓето кои го носат неговото име.   

 |  Валентина Неловска  | 

Православните верници денес го слават Св.Арханел Михаил и сите небесни ангелски сили. Бројни беа верниците кои со молитва и свеќа утрово го посетија црковниот храм единствен во Охрид посветен на овој светец. Светителот Архагел Михаил со својата закрила под Бога ни дарува сила да чекориме во живот по патот на спасениети , вели отец Диме Азески, парохискиот свештеник.

„Во црквата посветена на Св. Арангел Михаил , која е единствена во нашиот град , има верен и голем народ кој пристапува за духовно да се нахрани и истовремено и слава на Бога да му вознесе. Да се заблагодари за сите дарови кој ни ги дарува ,а црпејќи ја таа благодет да се храниме и наоружаме за да продолжиме понатаму во животот против искушенија да се бориме, а на Бога да му служиме цврсто и непоколебливо“, напоменува отец Азески.

За седум дена, на 28 ноември е востановен црковен датум на кој почнуваат Божиќните пости. Тогаш почнуваат подготовките за големиот настан , раѓањето на спасителот Исус Хрисос.

„Црквата не случајно ги востановила постите кои преставуваат послушнсот кон црквата.Како послушни чеда кон црквата треба да се трудиме да го практикуваме. Една напомена постот не е ист за сите. Зависи од целокупната состојба на духот и телесната состојба на човекот. Црквата опредила секој да се консултира со свештеникот, да се исповеда за да провери целокупната состојба на верникот, “ напеонува отец Азески.

Денес многу охридски семејства го чествуваат Св Архангел Михаил како нивни заштитник и домашна слава, а се слави и именден на луѓето кои го носат неговото име.