Skip to main content

Феноменален настап на студиото за танци „Соната“ на „Dance Fest Novi Sad 2017“

Викендов во Нови Сад се одржа 9-тото издание на меѓународниот танцов натпревар Dance Fest Novi Sad 2017, кој дефинитивно оваа година може да се нарече еден од најголемите танцови натпреварувања во Европа, но и најголем во Источна Европа.

 |   | 

Викендов во Нови Сад се одржа 9-тото издание на меѓународниот танцов натпревар Dance Fest Novi Sad 2017, кој дефинитивно оваа година може да се нарече еден од најголемите танцови натпреварувања во Европа, но и најголем во Источна Европа. Вкупно во конкуренција беа 632 кореографии или повеќе од 3500 танчери од цела Европа, а ова година дури и претставници одЈужна Африка.

На овој натпревар се натпреваруваа и членовите на студиото за танци „Соната“, кое работи во склоп на Младинскиот Културно Образовен Центар Соната од Охрид. Со вкупно 39 натпреварувачи, односно 5 кореографии, охриѓани блеснаа на подиумот во Нови Сад и тоа во две старосни категории (деца и јуниори). Како и изминатите години така и оваа година „Соната“ успеа да се искачи на пиедесталот, а овојпат да го освои првото место во категоријата Hip Hop Solo Kids и тоа благодарение на извонредниот настап на 10 годишниот Маркус Голев Мабуа.

Маркус Голев Мабуа, 1 место Hip Hop Solo Kids
Кореографи: Михаил Талев и Владимир Тодоровски
Тренери: Олгица Симеонова и Јетон Мусли

Забележителен беше и настапот на останатите групи во неверојатно голема и тешка конкуренција. Екипата Fuzion за само 0,4 поени не се искачи на третото место, хипхоперите во групна конкуренција беа 9-ти, а латино танчерите во категоријата Open го освоија 10-тото место.

Во исто време, пак, Михаил Талев учествуваше на најголемиот балкански хип хоп настан – Битрикс танцовата лига во Скопје, каде стигна до финалето и го освои второто место (освои ист број на поени со противникот танчер, но загуби поради послабиот пласман на битмејкерот). Со сите постигнати и потврдени успеси до сега, апелираме до компаниите и поединците кои можат да ни помогнат во постигнување на уште поголеми успеси и искрено се надеваме дека нема никогаш повеќе да ни се случи да ја испуштиме шансата да го претставуваме градот, но и државата, како што ни се случи да ја испуштиме можноста да учествуваме на Dance Gran Prix Europe воШпанија овој јуни.