Skip to main content

Министерството за култура ќе ангажира експерти во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија

Министерството за култура  ќе  ангажира експерти  во врска со проектот за реконструкција на  Али пашината џамија. Што се однесува до темата која ја бранува охридската јавност, планот за изградба на минаре високо 32 метри, од ресорното министерство велат дека е можен компромис во интерес на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, но не објаснуваат за што точно станува збор. Од ресорното министерство најавуваат мерки со кој владата итно мора да направи план за спасување на Охрид и неговото културно наследство. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од Министерството за култура ги следат случувањата во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охрид. Ќе се обидат, како што велат овој проблем , да го решат на најадекватен начин, за твм изјави Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО, потенцира Барџиева Трајковска. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа не сакаше да објасни што точно се подразбира под компромисно решение.


дз„ Не нема да говорам за тоа.Ќе се реши на поинаков начин има експерти ангажирани кои ќе го решат на најадекватен начин. Ако ни е интересот да го сочуваме Охрид тогаш и мерките кои ќе се преземат ќе се во таа насока“, рече Барџиева Трајковска.
Во изминатиов период она што беше систем за заштита на културното наследство беше дерогиран. Охрид доби многу рани кои треба да зацелат и потребно е да се изготви нов закон за заштита на културното наследство. Охрид и покрај тоа што е заштитен под Унеско нема дефиниран фонд на вредности, кажува Барџиева Трајковска. Таа укажува на потребата од листа на споменици од национално значење, да се одреди адекватна заштита и да се направи категорија по вредност и степен на загрозеност.

„ За жал во Охрид се случи нешто што никој не го посакуваше кога станува збор за професионалниот однос на инстутициите задолжени за културно наследство. Институциите работеа спротивно на принцип на заштита и дозволија да се случат Палошник, Самоиловата тврдина и бројни дивоградби во околината. Тоа е комплексен проблем кој претстои за решавање. Можеби прва позначајна мерка која владата мора да је преземе е планот за спасување на Охрид“, напоменува Барџиева Трајковска.

Специјалниот советник на министерот за култура Донка Барџиева Трајковска, вели имаме одговорност и пред Унеско. Треба да се поднесе извештај за напредок во однос на забелешките на Комисијата бидејќи му се заканува опасноста на Охрид да биде ставен на листа на загрозено светско културно наследство. Најбрзата мерка е да се прецизираат надлежностите на сите надлежни институции во државата кои треба да ги преземат работите кои од нас ги бара Унеско.