Skip to main content

Врвни резултати постигнаа младите танчери од „Соната“

Забележителен настап на охриѓанецот Маркус Голев Мабуа на најголемиот танцов натпревар во Европа. Тој го освои првото место во категоријата хип хоп соло кидс. „Ние сме посебни од другите и по стилот и по начинот на играњењто, забележува младиот кореограф Владимир, кој заедно со Михаил, направија одличен микс на песни кои на Маркус му го обезбедија пиедесталот на меѓународниот танцов натпревар во Европа.

 |  Николоска Биљана  | 

Прекрасниот хип- хоп перформанс на десетгодишниот талентиран танчер Маркус Голев Мабуа, од студиото за танци Соната, му го донесе првото место на меѓународниот танцов натпревар „Dance fest Novi Sad 2017“. Маркус веќе две години учи професионален танц и смета дека во Соната и малку талентираните танчери можат да си го пронајдат своето место. Тој ги сподели впечатоците од неодамнешниот меѓународен натпревар кој се одржа во Нови Сад, Србија.

„Да ви кажам не беше толку лесно, но јас немав трема бидејќи веќе сум научен и лесно ми е. Кога го кажаа моето име јас се чуствував многу среќен и збунет се прашував зошто јас прв, но сепак бев многу среќен и незнаев што да направам во тој момент“.

Меѓу вкупно 632 те кореографии од цела Европа, на меѓународниот танцов натпревар се најде и кореографијата на младите охриѓани Михаил Талев и Валдимир Тодоровски. Михаил вели дека во Нови Сад посакале да одат со цел да видат до каде се во танцовиот свет, а наградата на Маркус потсвесно ја очекувале, познавајќи ги неговите способности.

„Кореографијата беше на микс од песни кои ги селектиравме јас и Владимир, секако да му прилегаат на Маркус на неговиот стил“

Нови Сад беше одлично доживување за нас бидејќи пред се се надградуваме самите себе и стекнуваме нови искуства, вели младиот кореограф Владимир Тодоровски.

Моето знаење заедно со Михаил што му го пренесуваме на Маркус, пред се не прави горди и тоа што добиваме резултати не стимулира да сме се подобри, да одиме напред на повисоко ниво, а исто така забележав дека ние во Нови Сад во споредба со танчерите претставници на другите Европски земји ние како студио се делиме и во стилот и во начинот на игра, навистина сме на некој посебен начин се делиме од другите

И секако главниот „виновник“ кој секогаш ги поддржува и бодри младите талентирани танчери Даниел Наумовски и овој пат се гордее на успехот на Соната, но смета дека треба поголема подршка на младите охриѓани кои го обелуваат образот не само на градот туку и на нашата земја.

„Активно работевме од почетокот на септември се подготвувавме за тао и сето ова што се случи се должи пред се на талентот на децата, на нашата веројатно мотивираност и желба да им помогнеме многу повеќе од колку што можеме и најмногу на родителите затоа што тие самостојно го финансираа патот за да стигнат таму каде што треба и да го претставуваат градот и државата. И во исто време можност да ги повикаме сите компании и лица кои што сакаат да им помогнат да не останат овие деца повторно како што ни се случи минатата година, можноста да учествуваме на Европскот Гран при кое се одржа во Шпанија па да останеме дома, наместо да ја претставуваме Македонија“.

Во Нови Сад на натпреварот нља 9 тото издание на „Dance fest“, Младинскиот Културно образовен центар „Соната“ учествуваше со 39 танчери, кои се претставија со 5 кореографии и освоија 4 врвни резултати во конкуренција од 3500 танчери од цела Европа, и Јужна Африка.
Во исто време, пак, Михаил Талев учествуваше на најголемиот балкански хип хоп настан, Битрикс
танцовата лига во Скопје, каде стигна до финалето и го освои второто место, односно освои ист број на
поени со противникот танчер, но загуби поради послабиот пласман на битмејкерот