Skip to main content

Децата од охридската градинка Развигорче учеа за здрава храна и ре-креирање

 Децата од охридската градинка  Развигорче преку песна и игра учеа за здрава храна и  за ре-креирање. Изработија и предмети од амбалажата од млеко кој ќе бидат  изложени на аукција со хуманитарен карактер. Донацијата ќе биде наменета за штитениците на СОС детско село.

 |  Валентина Неловска  | 

Во детската градинка Развигорче се одржа хуманитарна акција од компанијата Битолска млекара. Соработката меѓу оваа компанија и охридските градинки трае неколку години на различни теми, информира директорката на градинката Мери Рилкова. Годинава темата е нова и е ре-креирање, додва таа. Ние го употребуваме овој термин како рециклирање кој е вклучен во нашата програма за рано учење и развој, напоменува Рилкова за денешната активност.

„ Децата покрај тоа што се запознаваат со храната на Бимилк , со нивните производи.Особено со млекото и млечните производи, кои се здрава храна за нив и се запознаваат со витамините и минералите што ги содржат производите. Воедно, ја користиме акцијата од нивната амбалажа да ре-крираме и создаваме нови креации и дела.Со тоа кај нив се развива креативноста и имагинацијата. Секако сето тоа го реализираме со помош на нивните родители кои ни се секогаш поддршка“ , укажува Рилкова.

Бимилк како одговорна компанија секоја година гледа да помогне во општеството преку активација и донација кажува Дарко Апостолов маркетинг асистент во Бимилк.

„ Годинава направивме проект за најмладите да ги едуцираме за рециклирање и да ја поттикнеме нивната креативност , но и хуманост. Да ги научиме на здрави навики и конзумирање на млеко и млечни производи“, вели Апостолов.

Детските креации направени од амбалажата од млекото и млечните производи ќе одат на аукција. На Новогодишен базар, на 23 декември во Скопје ќе се одржи хуманитарна продажба, а средствата ќе бидат наменети за штитенците на детското СОС село во Скопје.