Skip to main content

Алексиоски: Брзо одговараме на дефектите во градов

После обилните врнежи од дожд кои предизвикаа серија дефекти во водоснабдителната мрежа во градов, состојбата е нормализирана, тврди првиот човек на МЈП „Проаква“ Охрид, Владимир Алексиоски. Поголем проблем со кој се соочува ова претпријатие посебно при врнежи од дожд е колекторскиот систем.

 |  Николоска Биљана  | 

Неколку дефекти во водоснабдителната мрежа предизвикаа обилните врнежи од дожд што викендов го зафатија Охрид. Делови од градот останаа без вода за пиење и по неколку часови. Денес дефектите се отстранети и водоснабдувањето е нормализирано, пренесува директорот на МЈП „Проаква“ Владимир Алексиоски.

За време на викендов работевме на две места каде што имавме три дефекти и тоа на „Стив Наумов“ каде што имавме поголем дефект, кој што и подолго време го работевме. Тука се работеше за два вида профили на цефки 160 и 300 успешно е завршено и нормализирано е водоснабдувањето“.

Поголем дефект со водоснабдителниот систем имале и на ул „Железничка“, кој екипите на ЈП успешно го отстранале, информираше Алексиоски. Тој нагласи дека сериозен проблем поради обилните врнежи од дожд им бил колекторскиот систем.

Поточно кај населба „Далјан“, препумпната станива и во Подмолје. Со крајни напори успеавме да се справивме со тој проблем, не дозволивме да има поплавување на објекти. Знаеме дека колекторскиот систем е во многу лоша состојба, така и го затекнавме ќе гледаме се што е во наша можност да во иднина немаме такви проблеми“.

Директорот кажа дека ЈП располага со потребни резервни делови кои се користат за санација на дефектите. Исто така Алексиоски потсети дека ЈП има дежурни екипи кои работат и за викендите така што граѓаните во секое време кога и да имаат проблем, можат да ги контактираат. Според него што побрзо се интервенира тоа е подобро и за ЈП бидејќи се троши помалку вода, а со тоа се намалуваат и трошоците.