Skip to main content

„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар

„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар. Претставата е работена по текст на Бертолт Брехт, а во режија на Андрај Цветановски, а пред охридската публика вечерва ќе се прикаже предпремиерно, а утревечер е премиерата. Со оваа претстава всушност почнуваат чествувањата за одбележување на празнкот на патронот на Охрид, Св.Климент Охридски.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Нова премиера на Охридскиот народен театар. Утревечер охридската публика ќе има можност да ја види најновата претстава „Баал“, работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Андреј Цветановски. Ова е четврта соработка со Цветановски кој ја режираше и првата претстава на театарот во Охрид, „Метаморфози“. Тој после пет години повторно соработува со нашите актери и не го крие задоволството од крајниот ефект велејќи дека заедно создале една моќна претстава.


Во овој текст, Брехт созадава антијунак којшто треба да ги сруши сите маски и лицемерни постапки на едно општество. Во нашата претстава тој го прави тоа, но води и разговор сам со себе, со својата совест и во тој конфликт води борба против мааните на општеството, но и борба сам со себе. Тоа е всушност главна појдовна точка,вели Цветановски. 
Ова е универзален текст, секогаш актуелен. Тој не зборува точно за едно општество, туку за мааните на човекот во општеството. Се додека постои било какво уредување, мора да постои и бунтовник, некој Баал, вели Цветановски. Горан Стојаноски го толкува ликот на Баал, човек кој се бори против конвенционалноста, а чие име име на на бог пандан на Дионис. Во претставата цело време струи еден специфичен вид на енергија, исполнета со емоционална сила, рече актерот Стојановски.


Комерцијализмот, се она што го промовира индустријата е практично едно ропство на човекот. Такво едно ропство кое му е ставено на духот, една таква потенцијална сила наречена Баал или животинска природа, се бори против сето тоа, доведувајќи се до ситуација да се деструктивизира себеси како укажување дека луѓето имаат право да живеат слободно, вели Стојановски.
Никола Тодороски го игра ликот на Екарт, најдобриот другар на Баал.
Тој лик е оној кој цело време го прати и цело време е присутен внатре во Баал, на некој начин ја претставува неговата совест. Баал е распнат помеѓу борбата и конфликтот со општеството и очекувањата на општеството и внатрешната борба со неговата совест, рече актерот Тодороски.


Покрај Стојаноски и Тодороски во претставата играат и Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ Тодороска, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Филип Кипровски, Павел Маслов, а гостуваат и двајца млади актери Дамјан Цветаноски и Тони Денкоски. Премиерата на „Баал“ е со почеток во 20:00 часот. Вечерва во истиот термин ќе биде изведена претпремиера. Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за премиерата.
Со оваа претстава всушност почнуваат чествувањата за одбележувањетo на празнкот на патронот на Охрид, Св.Климент Охридски.