Skip to main content

Усвоен нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година проектиран на близу 943 милиони денари.

Усвоен нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година проектиран на близу 943 милиони  денари. Советниците од опозицијата при гласањето беа воздржани. Упатија забелешки на повеќе предлог одлуки од нацрт развојните програми од повеќе области во фискалната стратегија на буџетот. 

 |  Валентина Неловска  | 

Близу 943 милиони денари или околу 15,5 милиони евра тежи нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година. Со тринасет гласа за и со 10 воздржани охридксите соевтници го усвоија нацрт буџетот за претстојната година. Буџетот за 2018 година е помал за разлика од минатата година кога тежеше околу 1 милјарда и 128 милиони евра. Сoветниците од опозицијата за некои нацрт развојни програми од буџетот упатија критики и прашања. Градоначалникот Јован Стојаноски кажа дека е срамно што досега претходницте не изработиле главни проекти кои би се финансирале во 2018 година. Градоначалникот да даде одговор на прашања и забелешки од советниците од опозицијата. Советникот од Вмро Дпмне, Илија Арнаудовски на расправата праша дали ќе продолжат започнатите преговори со државата да ја презем грижата за колектроскиот систем .

„Со овие 3 милиони зголемување значат дека тие преговорите прекинале. Имаше предизборни ветувања дека владата ќе го приземе долгот или ќе формира државнопретприајтие кое ќе стопансиува соколекторкиот систем“, праша Арнаудовски.

Јован Стојаноски истакна дека колекторот е во лоша состојба, градот нема пари за одржување и потребно е единство за да се продолжат преговорите за државата да ја преземе грижата.

„Да разговорите ќе продолжат и се надеваме, а веќе има и формално усвоен документ од претходниот состав, дека ќе има раздвојување на двете работни едниции формирање на посебно јавно претпријатие“, посочи Стојаноски.

Советничката Гордана Коњаноска стави забелешка за намалената ставка од надоместот од уредување на градежното земјиште .Мината година таа ставк абила проектирана на повеќе од 170 милиони денари,а сега е планирана на 108 милиони. Праша на што се должи тоа.

„Дали тоа значи планирање на помалку одобренија за градба или евентуално ќе правиме стагнација во градењето ? Се е легитимно ако е резултат на некоја осмислена стратегија во иднина“, праша Коњановска.

Градоначалникот Стојаноски со одговор дека сега се носи реален, а не оптимален буџет.

„Затоа што никогаш не биле остварени 170 милиони во претходниот буџетски план и во сите досегашни години. Изминативе години се нсоел оптимситички буџет ,а во овој момент се нсоиреален врз основа на оние приходи кои сем гиостваруавел во минатиет години, истакна градоначалникот Стојаноски.

Советниците дискутираа и за нацрт развојните програми за повеќе обалсти како што се од развојнитетсратегии за туризмот, сообраќајната студија на градот,спортот и локалниот економски развој.

Дневниот ред на 3-та седница на Советот беше дополнет и со две точки предлог одлуки за кофинсирање од Ценатрот за југозпаден палнски регион и одлука од тарен караклтѕер за севисирање на долгот кон ЕВН на ОУ Григор Прличев до одблокирање на училишната жиро сметка.