Skip to main content

Станоиздвачите ќе добиваат 100 процентно субвенционирање од уплатената туристичка такса

Со развојната програма за туризам градот ќе ги  субвенционира станоиздавачите од мал обем со целосна сума од уплатената туристичка такса.  Услов е парите да се реинвестираат во подобрување на сметувачките капацитети, а тоа ќе го следи посебна Комисија. Станоиздавачите го одобруваат следењето на реинвестирањето , но сметаат дека е потребна  поголема контрола при наплатата на туристичката такса.

 |  Валентина Неловска  | 

Од идната година се најавуваат измени во субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем. Наместо досегашните 50 проценти од следната година станиздвачите ќе добиваат 100 процентно субвенционирање од уплатената туристичка такса. Но со измените ќе има услов тие пари да се реинвестираат во подбривање на сметувачките капацитети, информира Ѓоко Апостолов од Тлер за развојнаат порграма за туризм за 2018 година.

„При тоа ќе биде формирана Комисија која за сите кои ќе аплициараат за субвенционирање на туристичката такса ќе треба да излезе на терен да ја утврдат фактичката состојба и по поднесување на апликациите да се донесе одлука за износот“, посочува Апостолов.

Досега приватните станоиздавачи ги добиваа субвенциите без да исполнат посебни критеруими, но сега на увид ќе треба да ги стават инвестираните средства со приложени документи.

„ По доставуавње на финансискиот извештај поткрепен со финансиски документи Комисијата ќе ги констатира наведените промени и потоа ќе биде исплатен износот кој го побарале“ ги појаснува Апостолов измените во субвенционирањето на станоидвачаите од мал обем“, вели Апостолов.


Досега кај приватените станоиздавачи од мал обем годишно се уплатувале околу 500.000 денари , вели Апостолов. Во регистерот на Тлер се евидентирани 3300 станоиздавачи.
Охридските приватни станоиздавачи од мал обем немаат свое здружение, но оние кои ТВМ ги контактираше кажаа дека го одобруваат новиот начин на субвенционирање. Немаат ништо против да се контролира каде наменски се инвестираат субвенциите. Но, сепак додаваат дека е потребна поголема контрола на станоиздавачите и зголемување на бројот на туристички инспектори кои ќе контролираат дали се пријавува престојот на гости.