Skip to main content

Супер радио еден од добитниците на Повелбата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија од пристигнатите пет апликации одлучи проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска и Супер радио, да бидат добитници на Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

 |   | 

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија од пристигнатите пет апликации одлучи проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска и Супер радио, да бидат добитници на Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Во образложението на комисијата стои дека Супер радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и дека е препознатлив бренд на радио новинарството, не само во Охрид туку и во Република Македонија.

Супер радио денес е препознатливо, пред се, по модерниот радио израз, актуелната музика, вкусно избрана за постарата и помладата популација слушатели, но и по информативните содржини, што го прават еден од најцитираните медиуми во Западна Македонија.
Според сите анкети на Советот за радиодифузија на РМ (сега АВМУ), Супер радио веќе петта година е убедливо најдобрата, најслушаната и највлијателната локална радио станица во Република Македонија.

Супер радио прослави четвртина век од своето постоење. Својот од по маките, радиото го започна пред точно четврт век, кога влезе во етерот на врекфенцијата 106,6 мегахерци, со препознатливата најава “Четири годишни времиња” од Вивалди и говорот на тогашниот претседател на Република Македонија и голем негов пријател, Киро Глигоров.

Глигоров не заборави и на одбележувањето на првиот скромен јубилеј – 5 години од формирањето, на денешен ден 1997 година, да му испрати подолга телеграма – честитка.

Приказната започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија. Започна скромно, но низ годините радио станицата прерасна во респектабилен медиум, кој успеа да го изгради својот имиџ преку многу работа и следење на најновите техничко-технолошки трендови.

Роденденот го дочека со комплетно дигитално студио, со новитети во програмата, нови лица, нови гласови и многу успешни проекти и многу најави: Талент шоуто OhridSUPERSTAR, проектот „Досие ОХРИД“ и многу други проекти, сите направени оваа година.