Skip to main content

Д-р Мицкоска: Конзумирање на антибиотик само со препорака на доктор

За секоја болка во грлото, кивање, кашлање, секреција не треба веднаш да се посегнува по антибиотик, опоменуваат докторите. Нивната препорака е да се делува симтоматски а во консултација со доктор доколку е потребно да се земе антибиотик. На светско ниво веќе вклучен е црвениот аларм за се повеќе бактерии кои се резистентни на антибиотици. И додека на во светот се намалува некнтролираното земање на антибиотици кај нас тоа употребата е двојно поголема.

 |  Николоска Биљана  | 

Злоупотребата на антибиотици не го одминува Охрид. Неконтролираното земање на антибиотици без консултација на доктор, односно конзумирање на своја рака, по препорака на сосед, роднина или пријател не е препорачливо, апелираат докторите. Д-р Виолета Мицкоска вели постои начин со кој се утврдува дали е потребно да се зема или не антибиотикот.

„Антибиотикот има дејство онаму каде што треба да се лечи бактериска инфекција. Значи на вирус воопшто не само што не делува, туку може да го загрози здравјето да го намали имунитетот и да предизвика влошување на состојбата несакани дејства. Охрид и Македонија за жал сеуште се на високо место по употреба на антивиотици“.

Д-р Мицкоска укажува дека грешката за злоупотребата на антибиотиците е кај сите по малку и кај пациентите и кај докрорите и кај фармацевтите. Најчесто пациентите искористувајќи го своето пријателство со аптекарите, земаат антибиотик и потоа од матичниот доктор бараат рецепт за тоа, што не би требало да е така, додава таа. Д-р Мицкоска вели дека појавена е отпорност кај микроорганизмите кон антибиотиците.

Веќе имаме вклучен црвен аларм од СЗО за појава на се повеќе супер бактерии односно бактерии кои што нема да реагираат на антибиотици и за жал не сакам да сум толку песимистички расположена но имам прочитано податок дека некаде во 2055 година на секој три минути ќе умираат луѓе од тие супер бактерии поради што ќе нема лек за нив. Ние и сега сме соочени со некои бактерии кои што се резистентни на антибиотици“

Д-р Мицкоска советува, во овој период кога кашлицата е актуелна, не секоја болка во грлото, кивање, секреција, да се третира со антибиотик. Таа смета дека треба да се почека два, три дена и доколку се влоши состојбата тогаш да се јават кај матичен доктор. Во меѓувреме би можело да се делува симптоматски, така што за искашлување да се земаат природни препарати, бидејќи нашево поднебје е богато со многу чаеви за искашлување, а исто така може да се земе парацетамол или некои слични антипиретици. Д-р Мицкоска нагласи дека и покачената температура на телото може да се толерира до 38 со 5 без лекарство бидејќи тоа создава поголема отпорност на организмот.